АМСМ информира дека на магистралниот пат Прилеп – Битола кај место викано „Баир“ е блокиран.

Според нив, блокадата е од група граѓани поради тоа што истите немале електрична енергија.

Баир е битолска населба населена најмногу со ромско население, и ова не е првпат патот да биде блокиран. Овие протести најчесто завршуваат со палење на стари гуми и ѓубре, и дополнително загадување на градот и околината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.