Хрватската пејачка Северина заедно со други жени во Загреб учествуваше на Ноќниот марш по повод Денот на жената.

Пејачката претходно ги покани сите да се приклучат на серијата ноќни маршеви кои се одржуваа во хрватските градови, а потоа и самата се појави на тој во Загреб.

Кога мажот прави нешто, тоа е стратегија. Кога жената го прави истото, тогаш калкулира… Па, еве ја сликата. Драги мои, „мали и немоќни жени“, да им покажеме денес колку сме големи и моќни. Денес е наш ден и затоа… Сите на Женски марш!“, напиша Северина, повикувајќи ги сите на собирот.

Северина се фотографираше со учесниците, делеше прегратки, а на подарок доби дуксер со натпис „Северина – мама“, кој особено ја трогна.

Имајќи предвид дека нејзината битка за старателството над синот е во фокусот на јавноста, пејачката истовремено стана симбол на борбата на многу жени во регионот и го користи својот профил на социјалните мрежи за да укаже на проблемите и неволјите се соочуваат.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria (@gloria.hr)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.