Американската поп-пејачка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се венчале во Лас Вегас, откако славната двојка ја обнови својата романса по речиси 20 години, објавија во неделата медиумите.

Весникот The New York Post објави дека на увид ја има дозволата за венчавка во округот Кларк во американската сојузна држава Невада, поднесена во саботата а којашто покажува дека Лопез и Афлек се венчале.

Интернет таблоидот TMZ, кој е вообичаено најдобро информиран за настаните во светот на познатите личности, исто така, ја објави веста за венчавката на славната естрадна двојка.

Афлек и Лопез, гламурозната двојка којашто медиумите ја нарекоа „Бенифер“, повторно се спои минатата година по речиси 20 години откако се раздели. Веридбата ја објавија во април годинава.

На почетокот од 2000-те години двојката беше во центарот на вниманието на весниците, со луксузните автомобили и нејзиниот голем 6,1-каратен розев дијамант на вереничкиот прстен. Но венчавката ненадејно во 2003 година беше прекината и двојката се раздели неколку месеци подоцна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.