Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ со пост на Фејсбук објави дека станал татко.
Добре ни дојде сине Лазаре, напиша годриот татко во објавата.
Поранешниот градоначалникот на Центар во октомври 2020 година се венчаше во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница со Јелена Брауновиќ.
Богдановиќ прво беше облечен во костум, а учителката од ОУ „Киро Глигоров“ во бел невестински фустан со етно елементи – кус и долг елек кои се дел од црногорската женска народна носија. На крајот од свадбената церемонија и младоженецот облече традиционална српска народна носија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.