Со српско знаме и со гости од Македонија и Србија викендов во манастирот Грачаница на Косово се ожени градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ (ЛИНК ТУКА).

Ој Косово Косово, земјо моја сакана, земја на славните витези Лазар и Милош, исепаја заедно Богдановиќ и неговата сопруга Јелена Брауновиќ, јавуваат српските медиуми.

Брауновиќ е вработена во основното училиште „Киро Глигоров“, во општината со која раководи токму Богдановиќ. Таа не им дала изјава на српските медиуми, но за крај запеаја заедно со градоначалникот.

Сакавме таа наша љубов која почна тука, да ја овековечиме во Грачаница, изјавил Богдановиќ за „Б92“.

Српските медиуми на големо со сите детали пренесуваа за српската свадба на Богдановиќ. Извештаите ги сместија во рубриката „Љубов и страст“. Но освен љубов во нивните изјави има и политика.

Знаменосецот српското знаме од Скопје го донесе во Грачаница. Од еден во друг дел на стара Србија. Од една во друга Милутинова градба. Ние во Македонија немаме право на канонска црва, венчавање во вакви храмови и храмови на кралот Мулутин. На некој начин сме приморани наместо во храмовите на кралот Милутин во Македонија, да доаѓаме овде во Грачаница, изјави еден од гостите на Богдановиќ.

Повикувајќи се на традицијата, но и тешките околности таа да се зачува Богдановиќ објаснува дека колку и да е тешко тој мора да се бори за своите права.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.