Хана Хуљиќ денеска роди девојче во породилиштето во Сплит, објавија хрватските медиуми. Како што беше претходно познато, пејачката требаше да се породи на 23 јули, но бебето пристигна порано, Хана се породила со царски рез.

Ова е прво дете за неа и музичарот Петар Грашо. Неодамна се шпекулираше дека двојката планира да го крсти девојчето Алба, но името на бебето се уште не е потврдено.

Минатата година парот ја изненади јавноста со својата љубовна врска. Иако се познаваат речиси цел живот, љубовта се роди неколку месеци по раскинувањето на 24-годишната врска на Грашо и Даниела Мартиновиќ, поточно од летото минатата година. Грашо и Хана првично не сакаа да ја коментираат врската. Два месеца подоцна фотографите ги фотографираа на романтична прошетка во Загреб, а подоцна беа видени заедно во Сплит и Сараево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.