Супермоделот Наоми Кембел на 53 години стана мајка по втор пат.

Британската манекенка сподели фотографија од машкото бебе на „Инстаграм“.

На фотографијата се гледа како таа го лула бебето додека, се претпоставува, нејзината мала ќерка го држи за рака. Наоми го држи малото момче, но не се гледа ниту нејзиното, ниту неговото лице.

Во пораката покрај објавата, таа напиша: „Мило мое, знај дека си неверојатно ценет и опкружен со љубов од моментот кога нè удостои со твоето присуство. Вистински дар од Бога, благословен! Добре дојде Бејбибој. 

Таа претходно не објави дека чека уште едно дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr Naomi Campbell (@naomi)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.