Мик Џегер (79) се вери со својата девојка Мелани Хамрик (36), како што објави „Дејли Мејл“.

Мелани беше во Американскиот балетски театар и им кажуваше на пријателите дека е свршена со Мик. Таа беше многу јасна дека тоа е веренички прстен и дека сега е негова вереница. Нејзиното семејство знае дека се свршени и се пресреќни. Немаат планови за свадба, но веридбата и значи многу на Мелани. Сите нејзини пријатели се среќни за неа, изјавил извор за „Мирор“.

Мик и Мелани беа заедно на отворањето на сезоната на Американскиот балетски театар каде многумина го забележаа нејзиниот дијамантски прстен.

Двојката се запозна во 2014 година, на концертот на Џегер во Токио. Пријателите на пејачката открија дека двајцата се во отворена врска, а пред шест години го добија синот Деверу.

Мик има уште седум деца со пет различни сопруги, како и пет внуци и една правнука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.