„Ролинг стоунс“ го одложу концерт во Амстердам откако Мик Џегер имал позитивен тест за коронавирус. Како што објави групата, 78-годишниот Џегер развил симптоми кога дошол на арената „Јохан Кројф“, каде што требаше да се одржи концертот.

Бендот се наоѓа среде европската стадионска турнеја „Шеесет“, со која ја одбележува својата 60-годишнина. Таа се состои од десет концерти, а следниот треба да биде в петок во Берн.

„‘Ролинг стоунс‘ беше принуден да го откаже вечерашниот концерт во Амстердам откако Мик Џегер имаше позитивен тест. Длабоко се извинуваме за откажувањето. Концертот ќе биде презакажан“, објави групата, а и Џегер лично се извини на Твитер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.