Вашите коментари „Педофили секогаш имало и секогаш ќе има“ не држат вода. Педофилите отсекогаш постоеле, но сега со помош на мобилните телефони и интернетот ги има многу повеќе и никогаш не им било полесно да ги фатат вашите голи деца.
Коментарите „Педофили има насекаде, не само на плажите“ се исто така глупави. Децата не се голи „секаде“ туку на плажите.
Вашите голи деца на плажите не ги фотографираат само педофилите – ги фотографираат и оние кои продаваат детски фотографии на педофили и го развиваат тој бизнис.
Коментарот „Педофилите ќе ги сликаат и децата во костими за капење“ – Фотографијата од вашето дете многу полесно и побрзо ќе се продава и користи на Интернет доколку детето е без облека. Никој не обрнува посебно внимание на фотографии од дете во костим за капење.
Коментарот „Јас секогаш сум до моето дете на плажа, би го убил ако ми го допре“ – дали навистина мислите дека педофилите допираат деца на плажите?
Коментарот „Децата не можат да бидат голи, а девојките можат во танга???“ – No comment!
„Дали е понеприродно децата од 2-3 години да се капат голи или на девојчиња од 2-3 години да им се тупа горен дел од костимите за капење???“ – И повторно No comment!
Ова се само дел од коментарите на мојот претходен пост во кој прашувам за вашиот став на оваа тема. Овие коментари покажуваат колку сме необразовани, неинформирани и колку малку знаеме дури и кога се во прашање нашите деца.
ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА СЛЕДНОТО:
• Педофилите деца на плажите најчесто снимаат со мобилни телефони. Сепак, тие користат и други уреди. На пример, едноставен клуч од автомобил со мала камера интегрирана во него, рачни часовници со камера, книги. Дури и камери кои се во рамката на најобични очила за сонце.
• Користат и пенкала со вградена силна камера кои имаат и USB и микро картичка.
• Минатото лето во соседна земја беа уапсени двајца странски државјани кои снимале голи деца со камера што ја чувале во фрижидерче за на плажа!
• Тешко е да ги препознаете бидејќи тоа често се мажи (па дури и жени) кои доаѓаат на плажа со своите семејства, од кои ги кријат своите болни нагони.
• Експертите велат дека плажите со голи деца се „шведска маса“ за манијаци
• Овие содржини или се разменуваат или се продаваат, а најбарани се снимките од мали деца бидејќи имаат повисока цена на пазарот
• Нема да ја објавам статистиката на криминалци фатени додека снимале голи деца на плажите, бидејќи бројот не е мал
• „Со слободното изложување на гениталиите на вашите деца, вие им овозможувате на педофилите да ги продаваат видеата, со што заработуваат огромни суми кои дополнително ги вложуваат во проширување на мрежата. Не се работи само за директна заштита на децата кои се на фотографиите и на видеата, овие материјали претставуваат огромен пазар, на кој мора да му се секне приливот на „свежа крв“. Родителите мора да придонесат кон ова, но затоа и мора да бидат добро информирани на темата!“
• Минатото лето во Неа Каликратија наш турист, со помош на други, фати манијак кој со подводна камера снимаше момчиња и девојчиња. Помеѓу другите снимки пронашол и видео од неговата ќерка и сопругата. За тоа пишувавме минатата сезона.
…………..
И за крај… не знам како да го омекнам, затоа просто отворено ќе пишам. Читајте, размислувајте, не гледајте само слики, вклучете логика, бидете отворени за учење нешто ново, едуцирајте се, информирајте се, прашајте ако не разбирате…
Сега веројатно ви е јасно зошто прашав вчера каков е вашиот став за голите деца на плажите и веројатно сфативте дека сте направиле некоја глупост кога напишавте „Досадно ви е штом прашувате за ова“, „Што има врска ова со групата??“, „Што те интересира што носат децата?“, „Страшно е за што пишуваш!!“ итн…
Искористете го интернетот за да се едуцирате малку, а не само да оставате грди и зајадливи коментари. Искористете го потенцијалот на ваквите корисни групи за да научите нешто можеби не сте го знаеле, наместо настанот на годината да бидат „безобранизте Грци“ кои „ги направија кацигите задолжителни“.
Извор: Грчка инфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.