Американската актерка и оскаровка, Хилари Свонк на 48 години стана мајка. Роди близнаци, син и ќерка и објави фотографија со бебињата. Тие се фотографирани на зајдисонце, додека Хилари ги држи во прегратка.

Не беше лесно, но вредеше. Честит Велигден од рајот, напиша Свонк на инстаграм.

Хилари откри дека е бремена во емисијата „Good Morning America“ и тогаш кажа дека со сопругот Филип Шнајдер очекуваат близнаци.

Хилари и Филип почнаа да се гледаат во 2016-та година, откако се запознаа преку заеднички пријатели. Се венчаа две години подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.