10-годишниот син на Бен Афлек, Семјуел, отишол со татко му и неговата девојка Џенифер Лопез во продавница за луксузни автомобили.
Актерот во еден момент му дозволил на својот син да седне на возачкото седиште додека работел моторот на неговото жолто Lamborghini.
Додека седел зад воланот, Семјуел го ставил возилото во „рикверц“ и удрил во предниот дел на бело BMW паркирано зад него. Момчето било на возачкото седиште со отворена врата, додека Афлек бил меѓу вратата и возачкото седиште, а Лопез седела зад Самуел на возачката страна. По контакт со друго возило, Афлек отишол да види што се случило, а од автомобилот излегол и неговиот син.
Кога утврдиле дека штетата не е страшна, актерот го гушнал синот додека Џенифер го држела за рака и си заминале. Портпаролот на познатиот актер за TMZ изјави дека нема штета и дека двете страни се задоволни и дека нема никакви проблеми.
Семјуел е најмалото дете на Бен Афлек и поранешната сопруга Џенифер Гарнер, а заедно имаат и две ќерки – тринаесетгодишната Серафина и шеснаесетгодишната Вајолет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.