Штом почетниот ентузијазам и занес од љубовната врска ќе исчезнат, многумина почнуваат да се чувствуваат како да се заплеткани во рутина и нивниот брак станал досаден.

Ако се идентификувате во овие зборови, прочитајте неколку предлози кои би можеле да ја променат ситуацијата.

Грижете се за сопствената среќа: Пред да почнете да ги решавате проблемите во бракот, важно е да размислите што ве мачи и да си создадете среќа.

Променете ја перспективата: Обидете се да ја замислувате рутината како знак на сигурност, нешто што доаѓа од љубовта. Не мора нужно да биде нешто негативно.

Направете нешто ново заедно: Наместо да лежите на каучот и да гледате филмови, одберете да одите на прошетка. Сетете се на работите што сте ги правеле заедно на почетокот на врската и вметнете ги во секојдневната рутина.

Зачинете го животот во спалната соба: Важно е да се радувате на водењето љубов. Затоа искрено разговарајте со партнерот за желбите, фантазиите, предиграта, позициите…

Погрижете се да имате живот надвор од бракот: Поминување време со други луѓе, правење работи без партнерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.