Времето кога сред ноќ се будите од сон може да укаже на важна порака што ви ја испраќаат телото и потсвеста.

Телото често ни испраќа сигнали кои ги игнорираме, а тие можат да откријат многу за нашето ментално и физичко здравје. Квалитетот на сонот е клучен за здравјето и енергијата, но многу луѓе се борат со несоница или ненадејно се будат среде ноќ.

Во Кина постои дури и посебна теорија – Шен, која ги објаснува циклусите на нашиот сон, во зависност од мислите, свеста и менталните функции. Шен, или духовен ум, дозволува нашето внатрешно битие да се поврзе со надворешниот свет, а надворешниот свет со внатрешното битие. Според оваа теорија, нашиот ум и тело треба да функционираат според природниот ритам. Кога е нарушен, тоа укажува на некои неповолни состојби во физичкото и психичкото здравје.

Според некои тврдења, будењето од сон во текот на ноќта може да значи дека сте загрижени или дека имате тежок товар што ве оптоварува и ве вознемирува. Будењето од сон може да настане и поради енергијата во градите и чувството на тага, бидејќи всушност така сака да комуницира со нас нашата потсвест, „внатрешното јас“. Според кинеската медицина, ако се разбудите во текот на ноќта, телото и умот испраќаат порака дека треба да се ослободите од насобраниот товар.

Времето кога ќе се разбудите исто така може да покаже зошто тоа се случува, па:

  • Будењето веднаш по првиот сон може да укаже дека сте под стрес или имате симптоми на анксиозност. Неопходно е да се опуштите, да вежбате позитивно размислување и да негувате добри мисли кои ќе ви помогнат да се вратите на спиење на пријатен начин.
  • Будењето помеѓу 1 и 3 може да укаже на тешки емоции, односно емоционален стрес. Можеби треба да простите некому или треба да побарате од некого прошка. Ако се разбудите и не можете да заспиете, обидете се со вежби за дишење.
  • Будењето пред зори, односно после 5 часот наутро, укажува на тоа дека напнатоста доаѓа од цревата и желудникот, како и дека е важно да се ослободите од емотивниот товар што ве притиска.

Извор: Сенса

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.