Луѓето денес со право не сакаат да трпат што било и по првите знаци на криза ја напуштаат брачната заедница. Но пред разводот, незадоволството кулминира.

Ова се некои од знаците што ги манифестираат жените кои живеат во несреќен брак…

Престануваат да комуницираат со сопругот

Познат е фактот дека жените обожаваат да зборуваат. Ако жената не комуницира, тогаш сигурно постои нешто што ја мачи.

Многу брзо се лутат

Кога жените се неисполнети и несреќни, можат да избувнат за секоја ситница. Доколку жената брзо му се лути на мажот, тоа е уште еден знак на несреќно омажена жена.

Секогаш се уморни

Едно истражување открило дека жените во несреќни бракови имаат повисоко ниво на кортизол, што доведува до низа симптоми: хроничниот умор е еден од нив.

Одбиваат секс
Жените што се незадоволни во бракот, не му дозволуваат на партнерот физички да им пријде.

Чуваат тајни

Кога жената се однесува мистериозно и не сака да сподели сè што ѝ се случува во животот, постои голема веројатност дека нешто не е како што треба.

Ја губат довербата

Кога жената ќе ја изгуби довербата, секоја ситница е под лупа. Го проверува телефонот, го шпионира имејлот. Не му верува на сопругот и често може да ја чуете како кажува реченици од типот: „Не смее да им се верува на мажите“.

Не обрнуваат внимание

Кога жената губи интерес за мажот, очигледно е дека е несреќна во бракот.

Прават нови чекори во животот

Кога жената им се посветува на своите хобија и сама излегува од дома, тоа значи дека е несреќна во бракот. Таа сè помалку време му посветува на својот партнер и е во постојана потрага по нови хобија.

Почнуваат да размислуваат само за себе

Жената што е несреќна во бракот станува себична. Таа го посветува времето исклучиво на себе, располага со своите пари и со своите емоции. Ова е знак дека таа е незадоволна во бракот.

Го менуваат својот изглед

Видните промени во изгледот се еден од најголемите чекори што жените ги преземаат за да покажат дека се подготвени да продолжат со животот без својот партнер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.