Едно научно истражување дојде до сознанија кои укажуваат на тоа дека не смееме да го користиме мобилниот телефон барем пред спиење.

Зборувањето на телефон пред спиење не е ни најмалку здрава навика. Од направената студија утврдено е дека оние кои го практикуваат тоа патат од главоболка, несоница и хроничен умор.

Во истражувањето учествувале 36 жени и 35 мажи, на возраст од 18 до 45 години. Некои од испитаниците примиле радијација еднаква на онаа која ја емитува мобилниот телефон за време на разговорот, а останатите биле подложни на лажна радијација.

Личностите од првата група чувствувале главоболка, несоница, а другата група немала никаква последица. Научниците сметаат дека зрачењето делува на дел од мозокот кој е одговорен за контрола на стресот.

Затоа тие препорачуваат да го исклучуваме телефонот во текот на ноќта и да не го користиме непосредно пред да спиеме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.