Во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од скопскиот земјотрес, денеска ќе биде промовирана поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“.

Промоцијата ќе се одржи во просториите на УНДП во Скопје, а на неа ќе се обратат постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан и генералната директорка на АД Пошта на Македонија, Бујаре Абази.

Промоцијата се одржува во партнерство со АД Пошта на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.