Кавга околу лежалките во првиот ред до морето доведе до тепачка помеѓу две жени. Инцидентот се случил на плажата Варкатуро, во близина на Неапол, Италија.
По првичното туркање, неименуваните жени почнале да се кубат за коса. Присутните прво се обиделе да ги разделат, но на крај и тие почнале физички да се пресметуваат, за во еден момент да не се знае кој кого тепа. На крај се вклучиле и спасувачите.
Видеото од тепачката го сподели италијанскиот пратеник Франческо Емилио Борели, кој на крајот побарал од локалните власти остра реакција на оваа пресметка, бидејќи, според него, била загрозена јавната безбедност.
Било потребно повеќе од половина час за да се смири конфликтот. Се соочуваме со вртлог на слепо и немотивирано насилство на кое никој не е имун. Тепачка на жени среде бел ден, пред семејствата и децата. За што? Лежалки покрај морето. Бараме жените кои учествувале во тепачката да се идентификуваат и да се казнат, напишал Емилио меѓу останатото во својата објава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.