Жена се породила во авион на авиокомпанијата Pegasus непосредно пред да полета од Истанбул кон Марсеј, Франција.
Според турските медиуми, ова се случило во почетокот на ноември на аеродромот Sabiha Gökçen во Истанбул, кога жената ненадејно добила контракции. Патничката била пренесена во заедниот дел од авионот каде што болничкиот персонал ѝ помогнал да се породи, а по раѓањето бебето веднаш било пренесено во болница.
Патниците во авионот аплаудирале по раѓањето на бебето, а еден патник дури понудил и бебешка облека.
Настанот се случил на денот кога авиокомпанијата го пуштила во употреба својот стоти авион по повод стогодишнината од формирањето на Турската Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.