Снимка од жестока тепачка меѓу жени се појави деновиве на социјалните мрежи, а иако нема сигурна информација за локацијата и за времето кога е снимено видеото, многумина коментираат дека станува збор за Срби кои летуваат на плажата во Паралија, во северна Грција, пред неколку дена.

На снимката се гледа како една од жените прво влегува во конфликт со маж, а потоа се вмешува друга жена и настанува хаос. Покрај нив има дете во гума, на кое никој повеќе не обрнува внимание, откако почна пресметката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.