Уличните изведувачи кои се обидуваат да заработат забавувајќи ги туристите на различни начини не се ретки, но вакво нешто сигурно досега не сте виделе!

Хрватските медиуми пишуваат за „невидлив гол маж во апостолки“, кој е фотографиран во Задар.

Оваа хит фотографија е објавена на Фејсбук страницата „Дневна доза на просечен Далматинец“, каде собра голем број лајкови, ги насмеа луѓето и стана вирална. Таа дури натера многумина да му аплаудираат на овој лик кој смисли идеален начин да заработи пари на море без да прави ништо.

„Нова задарска атракција“, објавија медиумите со фотографија на која се гледаат пар апостолки на штанд со натпис: „Невидлив гол човек со апостолки“. Секако, крај апостолките има и превртена капа во која минувачите може да остават пари.

Ваквата фотографија предизвика огромен број реакции, а некои се сомневаат дека „невидливиот човек“ ќе може многу да заработи од својата изведба.

Во капата се ставаат невидливи монети – гласи еден од коментарите.

 

Брзо ќе ја наполнеше оваа капа доколку до него имаше и невидлива гола придружничка, а вака…  – на шега вели друг.

Во меѓувреме, „невидливиот гол маж во апостолки“ почна да патува и во други делови на светот, ширејќи ја оваа откачена идеја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karin Beebe (@karingkarin)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.