Во Паралија, едно од најпопуларното летувалишта на македонските туристи во мај можете да јадете целосен ручек за само девет евра. Дневното мени вклучува салата, супа, главно јадење и торта, сето тоа на морскиот брег.
Фрапе во кафуле покрај море чини три евра.
Рестораните има свое дневно мени за девет евра, кое вклучува супа, главно јадење, салата и десерт.
Во продавниците литар млеко може да се најде за 0,95, а најмногу 1,1 евро, додека килограм јогурт чини 2,5 евра.
Цената на лебот зависи од видот, но се движи од 0,60 до 1,8 евра. Доматите се 1,65 до 2,25 евра, краставицата ја наплаќаат по 1,65 евра за килограм.
Пита гиро може да се јаде за 3,5, а најмногу четири евра, додека порција е 8-9 евра.
Што се однесува до овошјето ,црешите може да се купат за 3,5 евра, кајсиите за две. Топка сладолед е две евра.
Газирани пијалоци покрај море се 3,50 евра, енергетските пијалоци се 5, а милкшејковите се најмногу 4,8 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.