Летувањето наместо одмор од соништата лесно може да се претвори во пекол, меѓу другото, доколку не внимавате кога резервирате сместување. Измамници има насекаде, особено на „Фејсбук“, предупредувааат од големата група со информации „Грчкаинфо“, во која се споделуваат искуства околу летувањето во Грција од корисници од целиот Балкан.

Таму, еден оштетен корисник се пожали на газда на апартмани во Грција:

Би сакал да предупредам за Е.М. која нуди станови во Неа Каликратија. Апартманите се многу валкани, пола работи не функционираат, затнати одводи во бањата, постелнини со флеки. Тој е од Србија. Платив однапред. Сместувањето го добив, тоа не е спорно. Но, ужасно е валкано и нефункционално. Ви испраќам фотографии да ги видите, напиша оштетениот А.Ѓ..

Затоа администраторите на групата испратија важно предупредување.

Не можам да разберам зошто сè уште резервирате одмори во Грција преку фејсбук-групи, огласи за сè и сешто и слични непроверени места кои се жаришта на измамници. Ова е трет или четврти пат во последните два месеци корисници да нè информираат дека добиле сместување кое не е употребливо за престој. За среќа, речиси никој не пријави дека повторно бил измамен за пари, како што имаше случаи лани. 

Напоменуваат дека сега повеќе лица им се пожалиле на едно исто сместување.

Имам име и презиме, го знам градот во кој живее во Србија и имам фотографии од тоа негово запуштено и валкано место што им го издава на наши луѓе во друга група. Но, мислам дека е сосема доволно, наместо да ги објавам тие информации, повторно да ве предупредам сите да не резервирате одмор во Грција од личност која не ја познавате, која никој не ви ја препорачува, која не сака да ве покаже договорот дека тој е  сопственик на местото за издавање и избегнува видео повик од вас, пишува администраторот на „Грчкаинфо“.

Администраторите повторно апелираа и строго да внимавате кому праќате пари.

Проверете сè што можете, побарајте договор, побарајте пасош за проверка (и сопствениците ви бараат вас, па можете и вие нив како физички лица), побарајте да се чуете преку видео повик… 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.