Мајка на социјалните мрежи се пожали дека вработените во барот на една плажа на Халкидики не ѝ дозволиле да го нахрани своето мало дете со храната што ја донела од дома.
Целата плажа е окупирана од барови. Не можете ни да дојдете на плажа ако не изнајмите лежалки или не седите во нивното кафуле. Имаме две мали деца и во хаосот го заборавивме чадорот. Немавме друг избор освен да платиме лежалки, се пожалила мајката.
Таа вели дека платиле 10 евра за изнајмувањето на лежалките, а порачале и пијалоци, но проблемот настанал кога ја извадила храната што ја донеле во фрижидерчето за да го нахрани детето.
Храната овде е очајна, па храната за децата ја носиме во фрижидерче. За ќерка ми направивме посебно јадење, а кога ме видоа како ја одвиткувам храната, веднаш пријдоа и направија проблем. На крајот грубо ми рекоа да одам во кола да го нахранам детето. Иако веќе плативме лежалки и сè, на крај порачавме од нивната очајна храна по прескапи цени, вели мајката додавајќи дека никогаш не доживеала таков „атак врз семејство“ во нејзиниот живот.
Не само што ви е забрането да лежите на пешкирот на плажа, додава таа, туку ви е забрането и да го нахраните детето и мора скапо да платите за нивните бајати плескавици.
Таа тврди дека била на работ да повика полиција кога вработен во барот ѝ рекол дека веќе им излегле доволно пресрет со тоа што им дозволиле да го донесат рачниот фрижидер на плажата на прво место.
Луѓе, лежалките ги плативме како од злато. Трагедија, ова никаде не сум го видела, напишамајката на Фејсбук и доби многу коментари за поддршка.
Но, набрзо се огласи и самиот сопственик на барот кој рече дека ситуацијата не е баш како што вели мајката. Тој тврди дека не е точно дека во нивното кафуле им прават проблем на родителите кои сакаат да ги прехранат децата.
Не само што не правиме проблем, туки и редовно им ја причувуваме храната што гостите ја донеле за своите малечки во нашите фрижидери, тврди сопственикот.
Запрашан што беше проблемот во овој случај, сопственикот тврди дека мајката воопшто не ги хранела децата.
Госпоѓата донесе лазањи во фрижидерот. Ни тоа не е спорно, но прво почна таа да јаде, а потоа и да го храни сопругот. Келнерот е должен да ги извести гостите дека возрасните не смеат да јадат храна што ја носат од надвор. Никогаш не правиме проблем околу децата, изјави сопственикот.
Извор: Курир.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.