Последните години Албанија стана една од најпопуларните летни дестинации меѓу македонските и српските туристи, најмногу поради ниските цени.

Судејќи по споделените приказни во фејсбук-групата „Одмор во Албанија“, годинава таму не е евтино, особено кога ќе се земе предвид квалитетот на услугата.

Мала рецензија по три дена во Химара. Летнаа многу високо, ама ќе паднат уште побрзо. Ајде да одиме по ред. Градската плажа е неорганизирана, нема тоалети, нема кабини за пресоблекување, а е единствената слободна зона во целата област. Плажата Шпилје е катастрофа, нема тушеви, кабини или тоалети. Нон стоп барови, нечиста вода, лежалки од 10-13 евра. Плажата е малку поорганизирана, но поскапа. Плажата Лимани е добро организирана и вреди за парите, лежалки 15 евра, пиво 4,30 евра 0,33л, храната не е како во елитен ресторан, но квалитетна. Голем недостаток се чадорите за сонце, кои воопшто не штитат, како да ги нема. Генерално, цените се доста високи во продавниците, а особено во рестораните. Па кој сака да оди во Химара нека се подготви финансиски за да не доживее благ шок. Тоа е нашиот прв впечаток, пишува еден член на групата.

Впечатоците на друг корисник од плажата Борш каде лежалките 10 евра, се подобри за условите на плажата, но замерките се кон маркетите:

Пијалоците во ресторан: 2-2,5 евра сок, 2,5-3,5 евра пиво, оброк 8-10 евра пица или скара. Ама, робата во маркетите ем е скапа, ем постојано ги менуваат цените. Цреши 4 евра, леб 1,30 евра, млеко 2 евра, најевтин сладоледит 1 евро, а подобрите се 2-2,5-3 евра (магнум и сл..) палачинките се 2 евра само со чоколаден намаз, 2,5 евра чоколаден намаз, пишува тој.

Во Ксамил комплет лежалки наплаќаат од 10-25 евра.

Лежалките се скапи и не добивате ништо за цената. Самиот Ксамил е прескап и скоро сите се приватни плажи. Каде и да одите мора да изнајмите лежалка, не може со своја опрема. Рестораните не се многу скапи, но брат, за парите што ги оставив во Ксамил можев со семејството да отидам на Бали. Во водата некакви треви. Сега бевме и никогаш повеќе. Споредните улички сите им се со камења и прашина, само главните улици се асфалтирани, пишува еден член на групата.

Туристите не се жалат само на цените и на плажите. Се чини дека и некои други работи не ги оправдуваат очекувањата.

Некои први впечатоци од Химара по 5 дена престој. Дојдовме овде затоа што имаше многу препораки за ова место како идеално за семејства со деца, тоа ни требаше. Мало, тивко место, каде сè е блиску. Што се однесува до близината и големината, така е, ама мирот е под знак прашалник. Во моментов, поминато е полноќ додека го пишувам ова, од речиси секој автомобил грми гласна музика, огномети, мотори и сите други чуда… И така е до длабоко во ноќта. Веројатно помалку се слуша во деловите оддалечени од патот, но тогаш плажите не се многу блиску. Друг проблем што го забележувам овде, кој е важен за семејствата кои доаѓаат со деца, се тесните тротоари, па ако вие и детето одите, а некој доаѓа кон вас, некој ќе мора да оди по улица. Третиот проблем е сообраќајот и тоа што ретко кој внимава на пешачките премини (полиција има, но не видов да реагира). Четврт проблем – ѓубре насекаде, и голем број градилишта кои не се соодветно обележани и обезбедени, па на тротоарите може да се најдат жици и други материјали, вели една членка на групата.

Извор: Нова.рс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.