Шпанската полиција ги засили контролите на плажите и почна да ги одзема столовите, лежалките и чадорите што туристите ги оставаат на плажата за да си резервираат место. Сите запленети работи се носат во локалната полициска станица, а туристите подоцна треба да платат 250 евра за да си ги вратат.

Законите во крајбрежните области на Шпанија и локациите како што се Балеарските и Канарските Острови забрануваат поставување на крпи и лежалки пред 9 часот бидејќи пречат во редовното чистење и одржување на плажите, кое таму се случува секое утро.

Во фејсбук-групите посветени на шпанскиот туризам, корисниците, посебно Шпанците, позитивно одговараат на овие акции.

Добро е што оваа практика која се спроведува долги години, почна да биде регулирана од градските совети. Не е нормално да се дојде на плажа во 10 часот наутро и да видете дека и вториот ред на плажата е полн, а наоколу нема никој. Сите или спијат или појадуваат дома, а друг не може да ужива во тоа време, напишале мештаните.

Новите правила се само еден од потезите во „војната“ на Шпанија против туристите, а неодамна избувнаа и големи протести на граѓаните од туристичките места како Барселона и Мајорка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.