Познатиот трговски ланец Esprit поднесе барање за стечај во самоуправниот окружен суд во Дизелдорф.
Целта е да се реструктуира европскиот бизнис на Esprit, кој главно се управува од Германија, и да се репозиционира за во иднина,соопштија од компанијата.
Компанијата, со седиште во Ратинген во близина на Дизелдорф, со години е во криза. Esprit веќе помина низ стечајна постапка во 2020 година. За време на тој стечај, околу една третина од работната сила беше отпуштена и затворени се 100 филијали.
Сега погодени се уште шест филијали и 1.500 вработени, пренесува Билд.
Сите мерки за штедење и затворањето на филијалите не помогнаа. Според најавата, досегашниот извршен директор Ман Џи Џип ќе ја напушти компанијата.
Esprit е активен во околу 40 земји ширум светот и има седиште во Ратинген и Хонг Конг. Германија е најважниот пазар за Esprit, 57 од 124 европски филијали се во Германија.
Ова не е прв пазар каде модниот бренд има проблеми. На крајот на март во швајцарските медиуми се појави вест за банкрот на Esprit на нивниот пазар, а потоа и во Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.