На 6 и 7 април во Хотел Мериот ќе се одржи меѓународен танцов натпревар DIAMOND, а Скопје ќе ги собере најдобрите танчери од регионот и пошироко, натпревар на кој ќе настапат над 1500 танчери од Македонија, Унгарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Романија и од Хрватска.

DIAMOND има за цел да инспирира, плени и обезбеди неверојатен приказ на уметничките способности, вистински славејќи го танцот во неговите многубројни форми и категории. Меѓународниот танцов натпревар е во организација на Сара и Нермин Кочан сопственици на инклузивното танцово студио Dancers United. Долгогодишното искуство како танчери, тренери, сертифицирани меѓународни судии, учество на многу национални, европски и светски натпревари беа ѝ повеќе од доволна причина и мотив, Сара и Нермин Кочан да го мапираат Скопје како град во кој ќе има меѓународен танцов натпревар подготвен по сите светски стандарди.

На натпреварот кој ќе трае два дена ќе учествува судиска комисија од 20 искусни судии, од кои 10 национални и 10 меѓународни судии, кои ќе обезбедат правична и точна евалуација на натпреварувачите. Ќе имаме можност цели два дена да уживаме во кореографиите на класичен балет, модерен балет, латино и стандардни танци, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц…

Натпреварот е поддржан од Светската танцова уметничка федерација и Националниот танцов сојуз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.