Турската кујна еедна од највусните во светот. Ги буди сите сетила и на оние што ја консумираат и на тие што ја подготвуваат. Толку слична на нашата, македонската, па можеби затоа нема јадење што не го приготвувале по дома и нашите баби и мајки.

Сарми, ќофтиња, тиквички, мусака,ориз, полнети пиперки,таратур, алва, баклаква… што ти душа сака.

Сево ова го имаше во турската резиденција во Скопје каде што сопругата на турскиот амбасадор, Нур Улсој, по повод Неделата на турската кујна, приреди ручек со концепт ,,Вкусовите на егејскиот дел на турската кујна”.

Еден од специјалитетите на турската кујна е сарма од лозов лист. По тој повод беше организиран натпревар на подготовка на сарми од лозов лист во маслиново масло во кој гостите виткаа сарми, а жири од готвачи од најпознатите скопски хотели го оценуваа приготвеното.

Најдобра во виткањето сарми беше сопругата на амбасадорот на Кина, Зуан Шунг Јунг.

Во умешноста во виткатањето сарми се покажаа сопругата на амбададорот на Словенија, Елвира Златиќ,  сопругата на словачкиот амбасадор, Жанета Маркушова, како и Јоланта Гжелчик, сопруга на полскиот амбасадор.

Најбрза натпреварувачка во виткање сарми беше пратеничката Жаклина Пешевска, која дојде во друштво со Гордана Димитриеска-Кочоска и со сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.