Овошјето е неизоставен дел од една избалансирана исхрана бидејќи содржи многу хранливи материи покрај витамините, минералите, влакната… Препорачливо е овошјето да се јаде секој ден поради правилното функционирање на цревата, варењето и регулирањето на телесната тежина.

Но, овошјето содржи шеќер. Водете сметка ако имате проблем со покачувањето на нивото шеќер во крвта.

Манго

Едно манго може да содржи и 45 грама шеќер. Тоа е проблем особено доколку сакате да ослабнете. Препорачливо е да изедете половина и да не претерувате со консумирањето.

Грозје

Една шолја грозје содржи 23 грама шеќер. Иако е природен шеќер од преработениот, сепак потребно е да се внимава на неговиот внес.

Цреши

Сочни и слатки, црешите се на многумина омилено овошје. Меѓутоа, една шолја од ова овошје може да содржи и до 18 грама шеќер. Кога пред вас ќе се најде голема чинија со цреши, најдобро би било да внимавате колку ќе изедете.

Круша

Ни се приближува есента, а со тоа и сезоната на крушите. Крушата со средна големина содржи и до 17 грама шеќер, затоа е најдобро да консумирате една дневно доколку сакате да изгубите килограми.

Лубеница

Дали знаете дека лубеницата содржи иста количина на шеќер како и крушата со средна големина? Затоа потрудете се да го ограничите внесот на ова овошје.

Смоква

Околу 85 грама смоква содржи 13,8 грама шеќер во себе, осносно две смокви од средна големина имаат околу 16 грама шеќер.

Банана

Ова овошје е обилно со шеќер, па така порција од 85 грама содржи 10,1 грама шеќер. Исто така, бананите се исклучително калорично овошје, па не се најсјаен сојузник ако сакате да изгубите килограми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.