Два до три часа пред спиење, многумина препорачуваат да не внесувате ништо од храна. Меѓутоа, доколку сте гладни и не сакате да заспиете со празен стомак, овие намирници можете да консумирате без грижа на совест.

За вечера е најпаметно да изберете нискокалорична храна и тоа минимум час време пред спиење, а посебно треба да дадете предност и да одберете храна која ја содржи аминокиселината триптофан. Таквите намирници не се лепат за стомакот, а можат и да ви помогнат полесно да заспиете. И овде треба да внимавате на количината која ја внесувате.

Кефир

Овој производ содржи калциум кој подобро се апсорбира во текот на вечерните часови, како и корисните бактерии кои се добри за варење. Нема многу калории, а потребно е да го одберете оној кој содржи 1-1.5 % млечни масти.

Мисиркино месо

Уште една добра опција за вечера. И оваа намирница содржи малку калории и протеини кои даваат чувство на ситост, а важни се и за добар метаболизам. Трудете се да не претерувате со количината и да не внесувате повеќе од 80 грама.

Бадеми

Овие јаткасти плодови содржат магнезиум кој делува смирувачки на нервниот систем. Но, бадемите содржат доста калории, но ни со нив не треба да се претерува.

Јаболка

Пред спиење печените јаболки се подобра опција од свежите. Нискокалорични се и даваат чувство на ситост.

Цреши

Сјаен извор на претходно споменатиот триптофан, помага полесно да заспиете. Меѓутоа, ова овошје содржи многу шеќери и не треба да се изедат повеќе од неколку плодови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.