Утре (28 октомври) во Богданци, во Градскиот парк ќе се одржи Фестивал на југоисточен регион, што има за цел да ги промовра локалните и традиционалните еко производи.

Се разбира, целта е да се вкусат автентични производи, да се слушнат приказните на производители, да се разменат рецепти, искуства, и да се подржаат главните постулати на Слоу фуд, за добра, чиста и правична храна. Подржувачи на овој интересен настан се Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Слоу фуд Македонија и Општина Богданци.
На фестивалот ќе се пробуваат слатка од диви смокви, со кои изобилува овој регион, но и производи од тартуфи, слатка од капини, џем од шипинки, ракии, мед, оцет од диви јаболки, производи од лешник…Празник за сите гурмани што ја почнува својата биографија- дојдете во Богданци!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.