Дали сте расположени за нешто благо? Овој десерт се подготвува многу брзо и лесно и има одличен вкус. По само 10 минути подготовка, можете да уживате во овој сладок деликатес.

Изненадете ги вашите најблиски со чизкејк од банана во чаша кој несомнено ќе ви стане омилен десерт.

Состојки:
350 грама свежо сирење\павлака
1 банана
120 мл млеко
екстракт од ванила
250 мл јаворов сируп или мед

Подготовка:
Сите состојки измешајте ги во блендер додека не добиете густа смеса како пудинг. Истурете ја смесата во чаши и уживајте!

Совет: Доколку сакате погуста смеса, додадете кокосово брашно, а по мешањето можете да ја оставите смесата во фрижидер 30 минути да се излади. Како основа во чашата можете да прелиете мелена плазма врз која ќе го прелиете филот. Чизкејкот украсете го со прстени од банана, чоколадни трошки или мелени лешници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.