Препишувале децата на државна матура.

А што очекувавте?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
вршат притисоци, од прво одделение па натаму,
за повисока оценка наместо да работат со децата?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
никогаш не им дале доверба и одговорност,
туку напротив, ги пишуваат нивните домашни задачи?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
од матурските прават свадби, им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
ќе ги вработат благодарние на нивните врски,
а не поради тоа што децата инвестирале во себе, го научиле и ќе го научат?

Од дома почнува сè.

Фејсбук статус на професорката Дарија Андовска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.