Островската земја во Индискиот Океан Маврициус не дозволи норвешки крузер да застане во главниот град Порт Луис поради стравување од можна епидемија на колера на бродот.

Најмалку 15 луѓе на бродот се во изолација поради сомнеж дека страдаат од инфективна болест на градите која во тешка форма може да предизвика дехидратација и смрт за неколку часа. Се нарекува и „сина смрт“ бидејќи кожата на пациентот може да стане синкаво сива поради екстремната загуба на течности.

Властите на Маврициус рекоа дека донеле одлука да го блокираат бродот „Зора“ за да се избегнат можни здравствени ризици. Вчера биле земени примероци за тестирање, а резултатите треба да бидат познати утре.

Според претставник на „Норвежн крус лајн холдингс“, за време на патувањето во Јужна Африка патниците развиле симптоми на лесен стомачен вирус. Еден патник од Холандија изјавил дека капетанот им рекол дека можеби на бродот избила колера.

Последните неколку месеци во Јужна Африка владее колера, а Замбија е најтешко погодена во тој регион. Од јануари 2023 година, најмалку 188.000 луѓе се заразени со колера во 7 јужноафрикански земји, според податоците на Обединетите нации. Повеќе од 3.000 луѓе починале.

На бродот има 2.184 патници и 1.026 членови на екипажот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.