Откривање на 207 години стар брод-китоловец во Мексиканскиот залив фрла светлина врз историјата на членови на екипажот што биле Афроамериканците и Индијанци во раните 1800-ти.

Националната управа за океани и атмосфера администрација (НOAA) и партнерите на 25 февруари го открија „Индустрија“, дрвениот брод со два јарболи долг 64 метри, на брегот на Паскагула во Мисисипи. Изграден во 1815 година во Вестпорт, Масачусетс, бродот ловел китови преку Атлантикот, Карибите и Мексиканскиот Залив околу 20 години.

„Индустрија“ исчезнал на 26 мај 1836 година, за време на бура што ги скршила два нејзини јарболи и го уништила трупот.

Од НOAA наведуваат дека списокот на екипажот исчезнал кога „Индустрија“ потонал. Но, списоците на екипажите од претходните патувања покажуваат дека меѓу членовите на екипажот и офицерите имало Индијанци, Афроамериканци, белци и членови на други раси.

Историјата на Афроамериканците и Индијанците е американска историја и ова значајно откритие служи како важен потсетник за огромниот придонес што Афроамериканците и Индијанците го дадоа за нашата земја. 19-тиот век ќе ни помогне да научиме за животите на афроамериканските и индиските морнари и нивните заедници, како и за огромните предизвици со кои се соочувале на копно и на море – вели американскиот заменик-секретар за трговија Дон Грејвс во изјавата објавена од НОАА. “.

Изгубен, па пронајден

Откритието на „Индустрија“ е резултат на координирани напори меѓу научниците и археолозите од Бирото за управување со енергијата на океанот, приватна археолошка фирма „SEARCH, Inc.“ и НOAA.

Тим на брод на НOAA спуштил во водата возило на далечински управувач управувано од брегот за да го истражи морското дно на можната локација на бродолом, што првпат беше забележано од енергетска компанија во 2011 година, а подоцна го забележа автономно возило во2017 година.

По прегледувањето на снимката, тим научници утврдиле дека навистина се работи за „Индустрија“, пишува „Си-Ен-Ен“.

Иако самиот брод потонал, сега знаеме што се случило со неговиот екипаж, благодарение на истражувањето на библиотекари од бесплатната јавна библиотека Вестпорт.

Робин Винтерс пронашол статија објавена од „Нентакет Инквајерс“ и „Мирор“ на 17 јуни 1836 година, во која се наведува дека екипажот на „Индустрија“ бил спасен од друг китоловец од Вестпорт, „Елизабет“ и безбедно ги вратил во Вестпорт.

Toa било голема среќа за луѓето на бродот. Доколку членовите на афроамериканската екипа се обиделе да излезат на брегот, ќе биле заробени според локалниот закон. И ако не можеле да платат додека се во затвор, ќе биле продадени во ропство – вели потпретседателот на „SEARCH, Inc.“ Џејмс Делгадо, кој тесно соработувал со Винтерс и неколку други локални историчари за да го потврди идентитетот на „Индустрија“.

Директорката за односи со јавноста за истражување на НОАА, Моника Ален, вели дека бродот бил поврзан со Пол Кафе, морнар, претприемач, аболиционист и филантроп чиј татко бил ослободен роб, а мајка му била Индијанка од племето Вампаноаг.

Записите покажуваат дека синот на Кафе, Вилијам, бил навигатор на „Индустрија“. Зетот на кафе, Пардон Кук, бил офицер на бродот. За него се смета дека бил Афроамериканец кој организирал најмногу ловења на китови во американската историја.

Вестите за ова откритие се возбудливи бидејќи ни овозможуваат да ги истражиме раните врски на луѓето кои работеле на овие бродови, што е лекција за нас денес бидејќи се занимаваме со различноста, еднаквоста и инклузивноста – вели Карл Џ. Круз.

Круз е независен историчар со седиште во Њу Бедфорд и потомок на семејството на Пол Кафе.

Одредување на автентичноста на потонатиот брод

Бродот не потонал веднаш на денот на невремето. Ова делумно се должи на китовото масло на бродот, што му овозможило на оштетениот брод да остане подолго на површината, се вели во извештајот на научниот тим.

Фактот што имаше толку малку предмети на бродот беше уште еден одличен доказ дека тоа е „Индустрија“. Знаевме дека е спасен пред да потоне – вели морскиот биолог Скот Сорсет во изјавата објавена од НOAA.

Според истиот извештај, китоловец од тесно поврзаната заедница на китоловци во Масачусетс, стигнал до „Индустрија“ која имала бродолом и спасил 230 барели китово масло, парчиња опрема и едно од четирите сидра пред да потоне бродот.

Во извештајот се наведува и дека „Индустрија“ е единствениот китоловец за кој се знае дека е изгубен во Мексиканскиот Залив од 214 патувања направени во периодот од 1780-тите до 1870-тите.

Пилотите на подводниот ровер успеале да ги снимат огромните садови кои биле вообичаени за китоловците и кои служеле како шпорет и котел за топење на китовата маст.

Научниците утврдиле дека локацијата на бродоломот, 72 наутички милји од последната регистрирана локација, во близина на устието на реката Мисисипи, може да му се припише на брод што плутал во Заливскиот вртлог пред конечно да потоне по бурата во мај 1836 година.

Иако потонатиот брод е повеќе од една милја под површината, НOAA не сака да ја открие неговата точна локација за артефактите од бродот мистериозно да не исчезнат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.