Внукот на пејачот Рики Мартин, Денис Жадел Санчез се откажа од обвинувањата за инцест, а судијата ја укина привремената забрана за доближување.

Како што очекувавме, Судот не ја продолжи наредбата за привремена заштита. Тужителот му потврди на Судот дека неговата одлука за поништување на случајот е само негова, без никакво надворешно влијание или притисок. Ова никогаш не било ништо повеќе од случај со проблематична личност која дава лажни тврдења и наводи без апсолутни докази во нивна поткрепа. Драго ни е што нашиот клиент виде дека правдата е задоволена и сега може да продолжи понатаму, се вели во соопштението на адвокатскиот тим на Рики Мартин.

Претходно, внукот тврдеше дека тој и Рики имале седуммесечна сексуална врска, а откако таа завршила, Рики, според зборовите на внукот, почнал да го демне и тормози.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.