Французинот Ентони Лофредо, кој радикално го праеобрази своето тело, сакајќи да биде „црн вонземјанин“, сега се соочува со нови проблеми – не може да најде работа бидејќи луѓето го осудуваат…

Не можам да најдам работа, има многу негативност. Секој ден е борба, бидејќи постојано се среќавам со луѓе кои не ме разбираат и ме осудуваат. Тоа е животот – не секој разбира сè. И јас не разбирам многу работи поврзани со другите луѓе – изјави тој во интернет емисијата „Клуб 113“.

Заради постигнување на својата идеја, Французинот извадил дел од носот, како и горната усна, го пресекол јазикот, целото тело го има покриено со тетоважи, има направено и многу други потфати – нарекувајќи го своето патување „Проект Црн вонземјанин“.

Со својата трансформација тој привлече мноштво негативни коментари и на својот интернет-простор…

Сите хируршки зафати ги правел во Шпанија, бидејќи, во неговата родна Франција, тие се нелегални.

Не може за никого да судите. Не знаете што има во нечија глава и зошто некој го прави тоа што го прави. Клучот е во разговорот – додава тој.

Тој притоа истакна дека се смета за нормална личност и сака луѓето да го разберат тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.