82-годишен Холанѓанец година и пол го чувал телото на неговиот починат татко во својот замрзнувач, јавуваат медиумите.
Полицијата во градот Ландграф го открила трупот откако матичниот лекар на починатиот човек се загрижил за здравјето на старецот, кој долго време не дошол на преглед.
Холандските медиуми објавија дека 82-годишниот син им рекол на полицајците дека „не сакал да го пушти“ таткото, затоа што ќе му недостигал за разговор, пренесува „Скај њуз“.
Весникот „Де Лимбургер“ објави дека синот тврди дека решил да го стави трупот на својот родител во замрзнувач кога тој починал пред 18 месеци, за да може „да продолжи да разговара со него“.
Полицијата сега истражува дали исказот на синот е точен и дали случајот завршува тука.
Претставниците на градскиот Совет кои ја посетиле куќата, ја опишале како „хаос“ и му дале на синот една недела да ја исчисти, пишуваат холандските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.