Повеќе врани утринава во Белград, Србија, нападнале жена на булеварот „Крал Александар“ во Белград.

Како што пишува порталот „Н1“, од Брза помош им потврдиле дека жена стара 60 години добила повреди на главата, откако ја нападнале птици.

Од Брза помош додаваат дека поради можни инфекции, нападите од птиците не треба да се игнорираат, дури и ако повредите не се големи. Поради тоа ги советуваат граѓаните да се јават во здравствените домови или да повикаат брза помош, ако ги нападне некоја птица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.