Украина отстрани милиони книги од народните библиотеки како дел од акцијата за „дерусификација“

Имаше насоки за повлекување на книги од автори кои ја поддржаа вооружената агресија на Русија против Украина, изјави Евгенија Кравчук, украинска пратеничка која е заменик-шеф на парламентарната Комисија за хуманитарна и информативна политика.

Има список на такви автори кои се санкционирани. Општо земено, односот на книги на украински и руски јазик во библиотеките е прилично тажен. Затоа сега зборуваме за потребата да се обноват збирките и да се купат книги на украински јазик што е можно поскоро, додаде таа.

Од ноември минатата година, 19 милиони книги се отстранети од народните библиотеки по иницијатива на Министерството за култура за повлекување на „одредени видови книги“.

Украинскиот Парламент тврди дека 44 отсто од книгите во народните библиотеки сè уште се на руски, додека останатите се на украински и на други јазици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.