Продолжи потрагата по две малолетни деца кои по излетувањето во кањонот Тара испаднале од возилото. Како што јави известувачот на Телевизијата на Црна Гора (ТВЦГ), нема индиции каде би можеле да бидат децата. Теренското пребарување нема да биде напуштено. Во меѓувреме, згмеченото возило денеска беше извлечено од кањонот на реката.

Во несреќата загина мајката, дваесет и седумгодишната Ј.В., а едно дете синоќа со повреди е извлечено од провалија и пренесено во болница.

До несреќата дошло откако автомобилот од засега неутврдени причини слетал во кањонот.

ТВЦГ објави дека се врши пребарување дури и со дрон со цел да се подобри видливоста, бидејќи брзаците на Тара им оневозможуваат на нуркачите подобра видливост.

Командантот на Службата за заштита и спасување на Жабљак Драго Поповиќ изјави дека не се откажуваат од потрагата, а сплавовите и опремата се целосно функционални.

Тој рече дека нуркачите од Бијела ја пребарале реката во должина од околу четири километри, а во крајбрежјето се распоредени доброволци и рафтери.

Репортерот на ТВЦГ јавува дека на местото на несреќата се собрале голем број луѓе, пријатели и роднини.

Спасувачките екипи, како што јави ТВЦГ, трагаат по седумгодишно девојче и две и полгодишно момче. Службата за заштита и спасување на планина и нуркачи од Бијела со опрема се на местото на несреќата.

Потрагата ја отежнува заматената вода, па Тара е непробојна за нуркачите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.