По по­вод праз­ни­кот Све­ти Три­фун, во денеска ширум Македонија се одр­жува тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње и осве­ту­ва­ње на ви­но­ва­та ло­за.

И оваа го­ди­на, со литургија, од­ме­ре­но и ди­скрет­но, но со ви­со­ка до­за на ду­хов­ност и по­све­те­ност кон ви­но­то и фи­ло­зо­фи­ја­та на „Сто­би“, за­кро­ју­ва­ње­то се одр­жа во при­сус­тво на ра­ко­вод­ни­от тим на ви­нар­ни­ца­та.

– Овој ден за нас е посебен, 14 – та година по ред го славиме овој за нас значаен празник, воедно и роденден на Винаријата. Се надеваме на бериќетна година, за да го прославиме заедно со сите љубители на вино овој ден Св. Трифун, истакна сопственикот на винарија Стоби, Минчо Јорданов.

Генералниот директор на холдинг компанијата, Никола Деребанов објаснува дека по ковид пандемијата и економската криза која владее во светот, но и во нашата земја и која создаде големи предизвици и проблеми во нормалното функционирање на бизнисите, сепак, тоа не влијаело на пласманот и извозот на вината.

Воедно Деребанов посочи дека минатата година најголем предизвик било ребрендирањето на нивното портфолио и лансирањето на нова линија на вина наречена „Македон“.

– Новата линија на вина го носи името „Македон“ и дел од нив веќе можат да се дегустираат во некои од нашите поексклузивни ресторани, хотели или кафулиња. Засега „Македон“ вината ќе можат да се купуваат само во ХОРЕКА секторот, а истите веќе почнавме да ги пласираме и на сите извозни пазари каде веќе извезуваме од нашата широка палета на вина. Конкретно „Македон“ вината неколку години се произведуваат, но првично беа наменети за извоз само во САД појаснува Деребанов.

Иа­ко оваа го­ди­на тра­ди­ци­о­нал­на­та ма­сов­ност на прос­ла­ву­ва­ње изо­ста­на, се­пак, винаријата со желба да ја одржи и оваа традиција, организираше промоции на виното низ земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.