Шокирана невеста со „Редит“ ја сподели својата хорор приказна за подарокот кој неа и на партнерот им го испратила неговата мајка пред венчавката. Нејзината свекрва му направила нова бурма на синот бидејќи не ѝ се допаднала онаа што брачниот пар го избрал пред венчавката.

Пред да се венчаме, таа нè праша какви венчални прстени одбравме. Со задоволство ѝ ги покажавме. Успеав да набавам делови од бурињата од првата пиварница што заедно ја посетивме, ги дадов во една златара со чија работа бев опседната со години, за да ги вгради во нашите бурми, раскажува невестата.

Свекрвата воопшто не била воодушевена од изборот, па решила да се вмеша и да му купи „подобра“ бурма за својот син. Оваа одлука прилично ја вознемирила невестата, која вели дека во еден момент си рекла дека свекрва ѝ сака да се земи со синот.

Откако ни стигна пакетот, бевме кај неа на гости, но не сакав да зборувам за тоа и да ја почнувам темата. Меѓутоа, таа нè прашала зошто сме ѝ го вратиле пакетот, на што мојот сопруг ѝ објасни зошто нејзината постапка е несоодветна. Ѝ објасни зошто ни се важни баш тие бурмите и колку ни значат и дека на крајот на денот не му е гајле што мисли таа за прстените. Ја предупреди и да не прави такви слични потези во иднина, пишува таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.