Сввадбените обичаи на Балканот знаат да бидат и многу чудни, а особено збунувачки се оние ептен стари за кои поновите генерации не ни слушнале. Младоженец од Белград се пожалил на свадбениот обичај од Крушевац, кој за малку ќе го чинел и брак.

Се запознавме на факултет додека таа студираше и живееше во Белград. Имавме заедничко друштво, па бевме пријатели со години. Започнавме врска некаде при крајот на студирањето и како да знаев веднаш дека тоа ќе биде – тоа. Почнавме да живееме заедно во Белград и сè функционираше како што треба, ја започнува приказната белграѓанинот за српските медиуми.

Кога првпат почнале да зборуваат за свадба, се согласиле таа да се случува во Белград.

Имаме многу заеднички пријатели овде и мислев дека полесно ќе биде нејзиното семејство да дојде тука на свадба. Моето семејство е од Белград, роднините, пријателите, и затоа сакав сите да дојдат тука, раскажува тој.

Меѓутоа, нејзиното семејство рекло дека мажот треба да се прилагоди на невестата и дека свадбата треба да се одржи во Крушевац.

Нејзината мајка рече дека очекува свадбата да се одржи во Крушевац и дека не доаѓа предвид да се венчаме во Белград. Отпрвин мислев дека тоа е само нивната првична реакција, но потоа сфатив дека не сакаат да попуштат и дека ќе се случи како што тие сакаат или воопшто нема да присуствуваат. Не сакав мојата девојка да биде несреќна и затоа направивме свадба таму, сè помина како што треба, додава тој.

Само неколку дена по венчавката, младенците дознале дека го очекуваат нивното прво дете, но наместо ова да биде најубавата вест, се претворила во кошмар.

Бев пресреќен, славевме два дена, а потоа дојде шокот. Мојата сопруга ми кажа дека порано се верувало дека трудницата е потенцијална мета на демони и зли сили, а за да го оттргнам тоа „зло“ од неа, морам да се преправам дека сум „бремен“. Никогаш не сум слушнал за тој обичај! Мислев дека се шегува, не ми беше јасно како тоа – да се преправам дека сум труден, кажува шокирано тој.

Кога детално му објаснила што треба да прави, зетот останал без зборови.

Мислев дека ќе ме натераат да носам перница под кошулата, немав поим за што се работи. Мојата сопруга ми рече дека морам да лежам додека нејзиното семејство ќе се грижи за мене, ќе ми носи храна и дека не треба да правам ништо. Катастрофа! Мислев зборува за неколку дена, но нејзиното семејство ми кажа дека тоа мора да трае целите девет месеци. Тоа би значело дека мојата сопруга мора да ја крие бременоста, а на денот кога ќе се породи, престанувам да глумам. Што!?, раскажува тој.

Тогаш ѝ рекол на нејзината невеста дека е подготвен за развод.

Секако дека не сакав да се разведам, но морав бурно да реагирам Ѝ кажав на сопругата, а таа тоа го пренесе на семејството. Сите се искаравме и јас се спакував и заминав за Белград. Не сакав да се разделиме затоа што чекавме дете, но буквално бев подготвен на развод. Воопшто не знам кој измислил таков обичај, рекол тој.

На краот и таа заминала со него во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.