Проблемот со кучињата скитници нема крај.Секојдневно стружани реагираат за нови напади врз граѓаните кои завршуваат во болница но и на масовни труења на уличните кучиња.Нела Стојаноска е само една од многуте која од агресивни кучиња заврши со рани на раката и ногата.

Градоначалникот Мерко побара да престане говорот на омраза во однос на кучињата скитници во спротивно најави пријави до надлежните органи, со цел, заштита на човечкото достоинство.

Апелираме до сите граѓани да имаат свој удел во решавањето на проблемот, со пријави во полиција кога ќе видат како камионите полни со кучиња се истоваруваат овде од целата држава, кога ќе видат како сопствениците намерно ги пуштаат кучињата на улица, кога ќе увидат дека домашните кучиња не се вакцинирани или немаат чипови и други слични случаи.  Слободно изразете го вашето мислење, но во насока на решавање на проблемот, затоа ве молиме бидете мирни и разумни! стои на фејзбук страна на општина Струга.

Од локалната најавија дека  распишан е тендер за заловување, кастрација и стерилизација а направен бил и  проект за изградба на стационар, но за негова реализација се бара финансиска поддршка од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.