На интернет кружи интересно видео од извлекување на добитници во наградната игра, која најверојатно се одржала во Косово.

На видеото се гледа како човекот кој го извлекува победникот влегува во базенот со ливчиња со имињата на учесниците на томболата. Зема еден куп ливчиња во рацете, ги фрла во воздух како конфети додека не му останат само неколку во рацете. Полека отфрла плик по плик додека конечно не му остана само еден во рацете, малку зјапа во него и на крајот го чита името – Дејан Радиќ.

Откако двапати го кажува името на победникот, се слуша разговорот на водителот со гостите во студио, по што на телефон се јавува Дејан. Се претпоставува дека го прашуваат дали зборува албански или дали разбира затоа што одговара: „Слабо“.

Она што може да се извлече од разговорот е дека во играта добил автомобил Фиат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.