Фотографијата од „насмеаното“ Сонце стана вирална на Интернет, откако беше објавена на Твитер од опсерваторијата Solar Dynamics на НАСА, чии научници ја направија фотографијата.

– Кажи мала птица, напишале во описот на фотографијата на која изгледа како Сонцето да има очи и уста и се смешка.

– Црните дамки што ја создадоа илузијата се всушност познати како коронални дупки и се региони каде брзиот сончев ветар блика во вселената, објаснија тие.

Научниците предупредија дека појавата на овие дупки најверојатно ќе значи дека невреме ќе ја погоди Земјата во сабота.

И покрај тоа, многу коментатори не го криеја својот ентузијазам за сцената.

– Сонцето изгледа како ситно колаче, напишал еден корисник.

– И со нетрпение ја чека Ноќта на вештерките, додаде друг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.