Анонимен 34-годишен маж бил примен во болница со стомачни болки, гадење и повраќање, а по прегледот лекарите откриле дека во тенкото црево му заглавила банана завиткана во кондом.

Според пациентот, „се чувствувал принуден да проголта банана“ во налет на „хормонален бес“. Наводно, страдал од депресија, а при наплив на неконтролиран бес се натерал да го направи овој необичен чин.

За среќа, лекарите брзо реагирале и го испратиле пациентот на операција, при што успеале да ја извадат бананата од неговата утроба. По закрепнувањето, мажот се вратил на нормален начин на исхрана и активен живот, а лекарите го следеле во следните шест месеци за да се уверат дека ваква бизарна ситуација нема да се повтори.

Овој случај доби интересно внимание во научните кругови, па дури беше објавен во медицинското списание „Kureus“ како прв ваков случај во светот. Авторите на студијата забележаа дека опструкциите на тенкото црево се ретки и обично се резултат на „голтање кондоми полни со дрога за шверц“, но дека овој случај е уникатен и затоа мора да се истакне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.