За да го блокира на својот брат погледот кон морето, еден Либанец ја изградил „најтесната зграда“ на Блискиот Исток, а многумина веруваат и во целиот свет. „Ал баса“ (во превод: „Инает“) е името на ова здание во Бејрут, главниот град на Либан.
Широка само 60 сантиметри во најтесниот дел, а околу четири метри во најширокиот, градбата се наоѓа близу стариот светилник во Манара.
Терасите на овој ѕид, наводно, понекогаш биле користени како „јавна куќа“ или како засолништа за бегалци.
Како што раскажува преданието, зградата е подигната во 1954 година „за инает“. Имено, двајца браќа се скарале за земјата што ја наследиле од нивниот татко, при што, едниот брат добил минијатурно парче земја со чудни димензии на коешто не можело да се изгради практично ништо, додека другиот брат добил раскошна зграда со поглед на Средоземното Море.
Така настанала оваа зграда висока 14 метри, што потоа ја намалила вредноста на земјиштето на вториот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.